Проблеми за Реал Мадрид: Белингам ќе биде на операција и ќе отсуствува неколку месеци


Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Англискиот фудбалер Џуд Белингем ќе биде отсутен од натпреварите во следните три до четири месеци. Лекарскиот тим донесе одлука дека ќе мора да се подложи на операција.

Извори близу до клубот наведуваат дека оваа интервенција е неопходна за конечно да се реши хроничната повреда на Белингем. Повредата го мачи подолг период и за неа е потребно радикално решение.

Иако постоеше надеж за конзервативен пристап и постепено закрепнување, подобрувањето на состојбата не беше доволно значајно. Ова водеше до конечна, иако непожелна, но неопходна одлука.

Фото: Принтскрин