Проблеми за Реал Мадрид: Белингам оди на операција?


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона ги освои Лигата на шампиони (ЛШ) и Ла Лига, а еден од најдобрите поединци на теренот беше Џуд Белингам кој ги чинеше „кралевите“ дури 103 милиони евра плус 30 во бонуси.

Белингам постигна 42 гола и 23 асистенции во првата сезона во шпанскиот гигант, но веќе некое време има болки во левото рамо и планира да оди на операција.

Англичанецот решил да настапи на Европското првенство (ЕП) ова лето, по што ќе замине на операција, а тоа значи дека најверојатно ќе го пропушти почетокот на новата сезона.