Проблеми за Реал Мадрид: Се повреди и Белингам – колку ќе паузира?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид, Џуд Белингам се повредил и најверојатно ќе го пропушти натпреварот против Гранада во Ла Лига.

Белингам се пожали на повреда по мечот против Наполи во Лигата на шампиони (ЛШ) и не тренирал со првиот тим, туку имал индивидуален тренинг.

Англичанецот претходно имаше повреда на рамото и не настапи за Англија во мечот против Македонија, а засега не е познато колку дуели ќе пропушти на „кралевите“.

Деталните медицински прегледи треба да покажат кога Белингам ќе може да се врати на теренот.