Проблеми за Рома: „Бомбата“ на Мурињо скрши нога!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Холанскиот фудаблер Жоржињо Вајналдум ја скрши ногата и го чека подолга пауза, а тоа е голем проблем за тренерот Жозе Мурињо, кој го најави поранешниот фудбалер на ПСЖ и Ливерпул како „бомба“ во Рим.

Рома соопшти дека Вајналдум се повредил на тренинг и мора да оди на дополнителни медицински прегледи кои ќе покажат колку долго ќе паузира фудбалерот.

Мурињо ќе се обиде во следните денови да пронајде замена за Вајналдум на трансфер-маркетот затоа што сè уште е отворен летниот преоден рок.

Вајналдум во ноември ќе наполни 32 години и минатата сезона имаше неколку повреди, а во Рома дојде на позајмица од ПСЖ, по што италијанскиот тим може да го откупи неговиот договор.