Проблеми за Зидан: Му се повреди и другиот напаѓач!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид се соочува со големи проблеми затоа што тренерот Зинедин Зидан нема да може да смета ниту на услугите на Маријано Дијаз, кој се повреди.

Дијаз има повреда на мускулот на ногата и засега не е познато колку ќе паузира, но според медиумите ќе го пропушти градското дерби против Атлетико Мадрид.

Дополнителен проблем за Зидан е тоа што првиот напаѓач Карим Бензема е повреден и во моментов се рехабилитира од повредата.