Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Доминик Собослаи и Арда Ѓулер водат вистинска војна на социјалните мрежи. Непријателството од теренот се пренесе на Инстаграм, каде се напаѓаат со навреди.
Натпреварот меѓу Турција и Унгарија во Лига на нациите беше обележан од конфликтот на фудбалските ѕвезди Арда Гулер и Доминик Собослаи.
Арда му гестикулираше на унгарскиот фудбалер на теренот дека е подобро да молчи поради резултатот од 3:0 на семафорот, а фудбалерот на Ливерпул потоа направи неверојатен потег на Инстаграм.
Само во коментарот го постави бројот „1088“ што го означува бројот на минутите кои Арда ги одигра оваа сезона во Реал.
Овој потег привлече големо внимание. По неколку часа, реагираше и Гулер кој возврати на сè.
„Овој тип е смешен. Зарем шест голови не се доволни за да молчиш?“, се прашува Турчинот.
.🚨 Арда Гулер одговара на Собослаи: “Овој тип е смешен. Зарем шест голови не се доволни за да молчиш?” pic.twitter.com/yqfdt07wQ8
— Madrid Universal (@MadridUniversal) March 24, 2025