Продолжија тензиите меѓу Гвардиола и Мурињо: Пеп не издржа и одговори – ова е факт!


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


„Дуелот“ помеѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо продолжи во јавноста по вчерашната прес-конференција на Манчестер Сити каде што шпанскиот стручњак одлучи повторно да испрати порака до Португалецот.

Сè започна уште минатиот викенд кога Манчестер Сити гостуваше кај Ливерпул и беше поразен со 0-2, а Пеп Гвардиола имаше конфликт со навивачите на Енфилд.

Тие го повикуваа поради очајната низа на Сити и му скандираа дека ќе добие отказ, а тој им покажа шест прсти алудирајќи дека исто толку пати ја освоил Премиер лигата со клубот од Етихад.

Новинарите тоа го споредија со Жозе Мурињо кој ја правел истата работа додека го водеше Манчестер Јунајтед и кога би го навредувале противничките навивачи, тој им покажувал три прсти што е број на неговите освоени титули во Премиер лигата.

Неколку дена подоцна, новинарите тоа му го кажаа на Гвардиола, но тој во шега изјави дека единствената разлика меѓу него и Жозе е што тој има шест, а Мурињо три титули.

Мурињо не беше задоволен од оваа изјава и вчера реши да ја коментира истата и на ни малку нежно начин да „боцне“ Гвардиола и Манчестер Сити, споменувајќи ги 115-те обвиненија против кои клубот од Етихад во моментот води битка.

„Гвардиола зборуваше нешто за мене вчера? Тоа што освоил шест, а јас три титули… Разликата е што јас ги освоив чесно и чисто. Ако изгубам, сакам да му честитам на противникот што бил подобар од мене. Не сакам да победам и да се соочувам со 150 разни обвиненија”, рече Мурињо.

Новинарите повторно го прашаа Гвардиола на прес-конференцијата за коментар и му кажаа што кажа Мурињо на таа тема, а Шпанецот јасно го изрази својот став.

„На Жозе би му рекол дека сме невини додека не се докаже спротивното. Ако го навредив, ми е жал, бидејќи беше само шега. Факт е дека тој има три, а јас шест титули. Тоа е луѓе, факт“, кажа Пеп.