Продолжуваат проблемите за Тотенхем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем славеше во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити со 1:0 и сега со предност ќе патува на реваншот во Манчестер.

Сепак, на овој натпревар „петлите“ остана без својот капитен Хари Кејн кој со штаки мораше да го напушти теренот по стартот на Фабијан Делф. Многу шпекулации говорат дека сезоната за фудбалерот е завршена.

Освен Кејн, повреда заработи и Деле Али кој претрпе скршеница на раката. Младиот фудбалер последните неколку минути од натпреварот ги одигра во таа состојба откако незгодно падна во 87. минута. Се уште не е познато дали Деле ќе биде подготвен за реванш средбата која на програмата е следната недела.