Продолжуваат промените во Барселона, по Сетиен „летна главата“ на уште еден важен шраф во тимот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Барселона денеска потврдија дека по Кике Сетиен, клубот ќе го напушти и досегашниот спортски директор, Ерик Абидал.

Поранешниот играч на Барселона не се снајде баш најдобро во улогата која му беше доделена пред две години и сега сосема очекувано го напушти клубот.

Интересно е тоа што последната работа што мораше да ја изврши Абидал како спортски директор е тоа да му соопшти на Кике Сетиен дека официјално добил отказ од клубот.