„Проектилот“ на Лазаров избран во топ-5 голови на колото во Европската лига 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот ракометар Кире Лазаров заедно со Нант ја запиша втората победа во Европската лига, откако синоќа славеа против ГОГ со 27-24.

Лазаров одигра многу добар меч за Нант и постигна четири голови, а еден од нив беше избран од страна на ЕХФ во топ-5 голови на колото.

Македонскиот ракометар и селектор испрати проектил во второто полувреме кон голот на ГОГ, а голманот едноставно беше немоќен да го запре ударот.

Најдобрите голови од третото коло можете да ги погледнете на официјалната страна на ЕХФ – тука.