Проектот на Борусија продолжува да „краде“ од големите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се повеќе млади играчи почнуваат да ги отфрлаат „трансферите на животот“, трансфери во клубови кои се на самиот врв на европскиот фудбал.

Ваквите трансфери на живот често пати може да се покажат како најголема грешка кај младите фудбалери, со оглед дека голем број од нив, заради нивното неискуство, никогаш не ја добиваат вистинската можност и „не успеваат“.

И тука влегуваат клубови како Борусија Дортмунд.

Проектот на Борусија е јасен, да се стигне до самиот врв на европскиот фудбал, но и да заработи големи пари со развој на млади таленти.

Борусија веќе успеа да го „украде“ Џејдон Санчо кој не ја доби вистинската можност во Манчестер Сити и сега шпекулира дека многу брзо го продал во Манчестер Јунајтед за големи пари.

Исто така, постои и случајот на Ерлинг Халанд кој одбил поголеми клубови за да дојде во Борусија каде ќе го има „целиот простор на светот“.

И се чини дека младиот англиски репрезентативец Јуд Белингем ги следи неговите чекори. 17-годишниот првотимец на Бирмингем одамна е мета на великаните, вклучувајќи го и Манчестер Јунајтед, а на едно време се веруваше дека тој е на еден чекор од трансферот меѓу „црвените ѓаволи“.

Сепак, Борусија покажа интерес, а се чини дека Белингем веднаш се согласил да го реализира трансферот во Дортмунд.

Според познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, Јуд Белингем многу наскоро ќе потпише договор со Борусија, кој ќе важи до 2025. година.

Според Роман, младиот фудбалер донесе одлука да се пресели во Борусија исклучиво поради „клупскиот проект“ и „шансата да се биде стартер“.

Борусија, наводно, ќе му плати на Бирмингем 23 милиони евра за трансфер на 17-годишниот играч од средниот ред.