Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонската фудбалска легенда Горан Пандев и италијанска Брера синоќа беа во центар на внимание на берзата во Њујорк.
Со промоцијата на компанијата Брера Холдинг и почетокот на продажбата на акциите, проектот треба да изгради цела мрежа од клубови во Источна Европа, а главна станица ќе биде Струмица.
Пандев уште минатото лето преговараше со Брера и договори влез на Италијанците во Академија пандев.
Акциите на „Брера Холдингс“ за првпат се појавија на берзата со почетна цена од 2,35 долари, а во еден момент тие достигнаа до 2,95 долари.
Брера собра речиси осум милиони долари на јавната понуда за проектот.