Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид го загуби првиот меч во полуфиналето од Манчестер сити со 3-4, а токму Карим Бензема е најзаслужен што тимот дојде на чекор да се бори за финале во Лигата на шампиони (ЛШ).
Бензема вчера постигна два гола и го презема првото место на листата на стрелци со 14 голови и јасно е дека ќе ја освои наградата.
Французинот ги воодушеви сите со неговата паненка за 3-4, откако минатиот викенд промаши два пенали против Осасуна.
„Ако никогаш не изведувате пенали, тогаш и нема да ги промашите. Зошто решив да изведам пенал? Тоа е психичка сила која ја имам. Имам многу самодоверба и поради тоа сакав да изведам пенал“, вели Бензема.