Пропадна и последната надеж: Русија отпадна, Полска ќе игра во финале на баражот за СП


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Полската репрезентација ќе биде финалист на мундијалскиот бараж за пласман на Светското првенство (СП) во Катар.

Русија се жалеше пред Арбитражниот суд во Лозана, но на крајот нивниот обид беше неуспешен. Судот ја потврди одлуката на УЕФА, па така Русите ќе бидат суспендирани на неодредено време поради војната во Украина.

Се шпекулираше претходно дека при вакво сценарио може Полска да добие нов противник но тоа нема да се случи, оваа репрезентација оди во финалето за пласман на СП каде што ќе игра против подобриот од пресметката помеѓу Шведска и Чешка.