Пропадна трансферот на Едерсон во Саудиска Арабија

Бразилскиот голман Едерсон најверојатно нема да го напушти Манчестер сити, иако се шпекулираше дека ќе замине во Саудиска Арабија.

Ал Итихад покажа голем интерес за Едерсон и сакаше да го добие неговиот потпис, но новинарот Фабрицио Романо објави дека клубот се премислил и го ангажирал Предраг Рајковиќ.

Саудискиот тим ќе потроши 11 милиони евра за српскиот голман, а засега останува непозната иднината на Едерсон.