Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фиорентина се откажа од преговорите со Милан кои беа поврзани за трансфер на српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ.
Двата клубови требаше да си разменат фудбалери, односно поранешниот стопер на Партизан беше на праг да потпише за „росонерите“, додека Лукаш Пакета ќе се преселеше во Фиренца.
Сепак, управата на Фиорентина не беше задоволна со таквиот договор затоа што смета дека Србинот вреди многу повеќе од Бразилецот.
Тие имаат намера да го пуштат 23-годишниот фудбалер, но само за сума од 40 милиони евра, а освен Милан ,за Миленковиќ се заинтересирани Интер и неколку премиерлигаши.