Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед долго време се поврзува со ангажман на Бруно Фернандеш, но како што стојат работите, веќе видениот трансфер би можел да не се реализира.
Сајмон Стоун, новинар на „БиБиСи“ на својот Твитер профил напиша дека работите засега не одат во посакуван правец за Манчестер Јунајтед и посочи дека се укажува на тоа дека трансферот нема да се реализира.
„Треба да се каже дека се укажува на тоа договорот за Бруно Фернандеш да не се реализира. Треба или Спортигн да ги намали барањата или Манчестер да го зголеми тоа што го нуди“ –напиша Сајмон Стоун.
Засега ниту една страна не сака да попушти, а дека работите може да завршат во ќорсокак пренесе уште еден новинар, Данкан Кастелс кој напиша.
„Спортинг сериозно размислува да го задржи Бруно Фернандеш до крајот на сезоната со што ќе им дозволи на другите клубови да го купат на лето“.