Проширување на овластувањата на ВАР: Голема промена на фудбалските правила пред Светското првенство


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Минатата сабота се одржа годишното собрание на Меѓународниот одбор за фудбалски правила (IFAB) каде што беа одобрени предлозите за нов начин на примена на ВАР технологијата. Сето тоа треба да стапи на сила на 1 јуни, за новите правила да се применат на Светското првенство во Канада, Мексико и САД.

Конкретно, во иднина ВАР ќе може да се вклучува за корнери, втори жолти картони и спречување на одложувања, во рамки на што ќе се воведат одбројувања при изведување гол-аут и заменување на играчи.

Ваквите одлуки се поддржани и од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) која се согласува со сè, со тоа што интервенциите околу тоа дали е корнер или не, засега ќе бидат оставени на националните првенства. Така што, засега е познато дека УЕФА и Премиер лигата се против тоа, бидејќи сметаат дека така дополнително би се забавила играта, додека Серија А изјави дека ќе го воведе и тоа.