Прошталната порака на Лукаку: Не можеше пократко!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку го напушти Манчестер Јунајтед и потпиша за Интер.

Лукаку за 75 милиони евра стигна во Интер како големо засилување, а се верува дека играчот ќе заработува 9 милиони евра по сезона.

Тој минатата сезона го изгуби местото во Манчестер и беше јасно дека ова лето може да го напушти клубот.

На Инстаграм остави проштална порака за својот сега веќе поранешен тим, но таа беше многу кратка.

„Сите кои се дел од Манчестер Јунајтед, ви благодарам и среќно во иднина“, напиша Лукаку.