Прославата на Ламин Јамал ја подели Шпанија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ламин Јамал, кого многумина го гледаат како наследник на Лионел Меси во Барселона, продолжува да го воодушевува светот на фудбалот. Неговиот брз подем го направи едно од главните лица во спортот, а сега неговата нова прослава на гол, инспирирана од кошаркарската легенда ЛeБрон Џејмс, предизвика вистинска бура во шпанските медиуми, пишува GiveMeSport.

Не помина многу време откако беше само еден од талентите во академијата на Барселона. По повикот во првиот тим, доживеа брз подем и денес е sвезда на Барселона и Шпанија. Во минатата сезона за Барса постигна 18 и асистираше за 25 гола во 55 натпревари, а во оваа сезона започна со два гола и три асистенции во три натпревари.

Беше и еден од клучните играчи на шпанската репрезентација во походот на титулата шампион на ЕУРО 2024 година. Со асистенција во групната фаза, додаваше за гол во осминафиналето, четвртфиналето и финалето, а беше стрелец во полуфиналниот натпревар.

Сепак, не се сите воодушевени од новиот потег. Како што пренесува The Athletic, традиционалните шпански таблоиди сметаат дека 18-годишниот Јамал станал премногу арогантен и дека треба да се однесува поумерено. Извори блиски до играчот тврдат дека Јамал е свесен за медиумското внимание, но не се потресува од критиките.