Прославен НБА-кошаркар и олимписки шампион заболен од Ковид-19


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот 57-годишен кошаркар на Њујорк никс, Патрик Јуинг, во петокот на Твитер објави дека е позитивен на коронавирусот, поради кој завршил во болница.

Засега не се открива во која болница е сместен, но вели дека вирусот е опасен и не треба да се потцени во никој случај.

„Сакам да им порачам на сите да бидат внимателни. Сакам да им се заблагодарам на лицата од болницата и на сите кои се на првата линија во борба против коронавирусот. Ќе мине и вирусот и сите ќе се извлечеме“, кажа Јуинг.

Тој во НБА-лигата настапи дури 17 сезони, а најмногу во дресот на Њујорк никс, додека играше и за Сиетл Суперсоникс и Орландо Меџик.

Во Олстар-тимот беше избран 11 пати, а освои и две златни олимписки медали во 1984 и 1992 година.