Протече нова снимка од нападот над Озил и Колашинац на која се гледа дека Босанецот е нападнат со остар предмет (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во јавноста во Англија се појави нова снимка од нападот врз Сеад Колашинац и Месут Озил кој се случи пред неколку месеци.

И двајцата беа нападнати од двајца маскирани хулигани, а еден од нив неодамна потврди дека бил сторител на делото.

На снимката се гледа како Колашинац кој седи пред автомобилот на Озил е нападнат со остар предмет, но и покрај тоа со голи раце мус е спротивставува на напаѓачите. И двајцата по нападот извесен период беа надвор од тимот на Арсенал.