Протекоа детали од договорите на Погба и Санчез во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Фудбал Ликс“ објави детали од договорите кои Пол Погба и Алексис Санчез ги имаат во Манчестер Јунајтед.

Овие две мега ѕвезди од Манчестер Јунајтед заработуваат вистинско богатство. Погба заработува 144.000 фунти неделно и добива годишен бонус од 3.75 милиони фунти поради својата посветеност кон клубот и уште три милиони на основа на правата (видео, фотографии), а на сето тоа се додаваат и уште блиску два милиони фунти доколку неговиот тимсе пласира во Лигата на шампионите.

Од друга страна, Санчез заработува 391.346 фунти неделно, а покрај тоа е награден и со годишен бонус од еден милион фунти.

Сепак, и двајцата може да се каже дека не ги исполнија очекувањата и финансиските добивки од клубот, па комплетно ги разочараа своите фанови. Посебно ова се однесува на Алексис Санчез.