Протекоа нови детали од трагедијата во која животот го загуби Хозе Антонио Рејес


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Познатиот шпански фудбалер кој во кариерата играше за Арсенал, Реал, Севилја и Атлетико Мадрид почина на 1. јуни во сообраќајна несреќа откако изгубил контрола над своето возило кое се запалило.

„Ел Мундо Депортиво“ два дена по трагедијата објави податоци кои ги доби од увид во полицискиот извештај. Таму пишувало дека Рејес возел со 237 километри на час и при таа брзина удрил во заштитната ограда на автопатот поради пукната гума на томобилот.

Во несреќата животот го загуби Хозе Антонио Рејес, а со него почина и Џонатан Рејес, додека Хуан Мануел Калдерон го преживеал инцидентот.

Сепак, новите детали говорат дека брзината со која возел Рејес била двојно помала од таа која ја имало во полицискиот извештај. Радио Антена 3 објави дека Рејес возел со 128 километри на час, што било во границите на дозволеното.