Протест во Ла Лига: Барселона и Жирона одбија да играат – ова е причината!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


На самиот почеток од нивниот натпревар во Ла Лига, тимовите на Барселона и Жирона решија да не играат првите 15 секунди, изразувајќи протест против раководството на шпанското првенство.

Причината за нивната реакција е одлуката на Ла Лига да го премести мечот меѓу Барселона и Виљареал, планиран за декември, во Мајами. И двата клуба, Барселона и нејзиниот противник, сметаат дека оваа одлука е погрешна, бидејќи вклучува долго патување и нарушува регуларноста на лигата.

Барселона го доби својот протест поддржан и од други шпански клубови кои бараат сите натпревари да останат на националната сцена.