Противник за малку ќе му скршеше нога, а тој му порача: Ми должиш нови штитници! 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пјер-Емил Хојбјерг мораше да биде заменет во мечот од Карабао Купот меѓу Тотенхем и Брентфорд (2-0).

Данскиот фудбалер доби жесток удар од фудбалерот на Брентфорд, Џошуа Дасилва во финишот од мечот.

Тоа беше опасен старт на ногата на Тотенхем, па Хојбјерг имаше среќа што не заработи скршеница, а судијата Мајк Дин покажа директен црвен картон.

„Секако дека не беше намерно, не грижи се. Јас сум добар, но ми должиш нови костобрани. Пред тебе е убава иднина. Биди силен, продолжи да тренираш“, порача Хојбјерг.