Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Енфилд“ важи за стадион со најдобрата атмосфера во Англија, а за три недели токму таму ќе биде одигран реваншот против Атлетико Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампиони.
Атлетико славеше во првиот меч на „Ванда Метрополитано“ со 1-0, а ден по важната победа претседателот на клубот од Мадрид, Енрике Церезо се пошегува на сметка на Ливерпул.
„Кој ќе удри прв, удира двапати. Да се види навивачите како го поддржуваат нашиот тим е неверојатно. Тоа беше шоу. Енфилд е голем стадон, но стар, не би поминал ни технички преглед“, кажа тој.
„Енфилд“ е изграден во далечната 1884 година, а осум година подоцна стана домаќин на натпреварите на Ливерпул. Последен ремонт му е направен во 2016 година, кога капацитетот бил зголемен на 54.074 седишта.