Прв одложен меч сезонава во Серија А: Пандев и Џенова ќе одмараат викендов!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанската фудбалска лига ја прифати молбата на Џенова за одложување на мечот со Торино, кој требаше да се игра овој викенд бидејќи во екипата на македонскиот фудбалер Горан Пандев се појавија многу заразени членови на ковид-19.

Торино даде согласност за одложување на натпреварот откако од таборот на Џенова вчера потврдија дека имаат дури 11 позитивни фудбалери на Ковид-19.

Поради тоа Џенова уште во понеделникот запре со тренинзи и достави молба до Лигата за одложување на натпреварот, а засега не е познато кога истиот ќе се одигра.