Прва фаза на враќање на теренот: Фудбалерите во вторник на тестирање


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вчера се одржа средба помеѓу докторите од сите клубови во Премира, како и во ранг подолу, на која се разговара за можностите за враќање на тренинзите.

Добиени се неколку заклучоци, а некои од нив ги пренесе Марка за да ја извести јавноста за ситуацијата.

Првата и најважната мерка е дека играчите ќе треба да поминат тест за коронавирус за да знаат дали се заразени или не.

Тестот ќе биде првиот чекор кон враќање на играчите на тренинг, а треба да се направи во вторник, така што само тогаш можат да размислат за продолжување на сезоната.

Идејата со тестот е сите да се чувствуваат безбедни, затоа што тогаш би знаеле дали се заразени нивните соиграчи, тренери или вработени.

Не сите клупски лекари не сакаат да се вратат на теренот, бидејќи не можат да гарантираат целосна безбедност на играчот.

Сè уште нема потврден датум на враќање на тренинзи, но најреални опции се наметнуваат на 4. или 11. мај.

Клубовите потоа планираат да одржат 15-дневни подготовки, при што лекарите се плашат од повреди во овој период, но се надеваат дека најдобро решение за сите ќе се најде.