Првенството се ближи, а во клубот се само 13 играчи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот прволигаш Хал Сити е во големи проблеми пред почетокот на новата сезона.

Хал избори Премиер лига во минатата сезона, а на 24 дена пред почетокот на првенството на располагање тренерот Стив Брус има само 13 играчи. Мајкл Давсон е најнов на листата на повредени играчи и тој ќе мора да паузира три месеци поради повреда на коленото.

Алан Мекгрегор, Алекс Брус и Мосес Одубајо се истотака повредени и ги чека долга пауза. Том Хулдлестон и понатака има проблем со Ахиловата тетива и ќе пропушти добар дел од првиот дел од сезоната, додека под знак прашање е и Џек Ливермор.

Брус ни самиот не знае како сите тие проблеми да ги реши, а засилувања сеуште нема, Па не ни чуди што така силно сака да биде селектор на Англија.