Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По разделбата со Кике Сетиен, последните денови доста често се зборуваше за новиот тренер на тимот на Барселона.
Тоа се поизвесно ќе биде искусниот стратег и поранешен играч на „каталонците“, Роналд Куман.
Дека Куман ќе биде нов тренер на клубот потврди и Жозеп Мариа Бартомеу кој изјави дека доколку се биде како што треба, холандскиот стратег ќе ја предводи Барселона во следниот период.
„Ако ништо не тргне наопаку, Куман ќе биде нов тренер на Барселона следната сезона. Веќе знаеме кои се неговите размислувања и која е неговата филозофија“ –изјави Бартомеу.
? @jmbartomeu: "Si nada se tuerce, Koeman será el entrenador del Barça la próxima temporada. Ya conocemos cómo piensa y su filosofía" pic.twitter.com/NWCBSCO24j
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) August 18, 2020