Првиот човек на ФС Шпанија со службена картичка плаќал оргии!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голем скандал ја потресе Шпанија во која е вклучен првиот човек на фудбалскиот сојуз, Луис Рубиалес, кој организирал оргии со 10 девојки и си платил со службената картичка.

Оргиите се одржувале во близина на Гранада, а сè организирал Хуан Рубиалес, чичко на претседателот на федерацијата.

По објавите во медиумите, Хуан го обвини внук му дека е организатор, иако федерацијата го демантираше тоа.

Фудбалскиот сојуз тврди дека немаат докази за трошење на пари за приватни забави, туку објавите во медиумите се кампања против актуелното раководство.

Пред неколку месеци се појави информација дека Жерар Пике барал од првиот човек на федерацијата да му обезбеди место во репрезентацијата.