Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси е сè поблиску до враќање во Барселона, а тоа го потврди и првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Каталонскиот гигант почнал постапка за враќање на Меси во екипата, иако Аргентинецот има богата понуда од Саудиска Арабија.
Барселона мора да продаде неколку фудбалери ова лето за да собере 100 милиони евра, а притоа ослободи и дури 37 милиони евра од буџетот за плати.
„Заминувањето на Бускетс е почеток на враќањето на Меси во тимот. Сепак, потребни се уште некои работи. Јас не сум дал никаква дозвола“, кажа Тебас.
Барселона во следниот период треба да ги среди финансиските проблеми, по што ќе испрати понуда до Аргентинецот.