Првиот човек на Ред Бул Лајпциг потврди: Не е лесно да се бориш за играч кога спроти себе го имаш Манчестер Јунајтед


ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓


Првиот оперативец на Ред Бул Лајпциг, Оливер Минцлаф призна дека неговиот клуб е заинтересиран за услугите на Ерлинг Халанд, но посочи дека ќе биде тешко да се обезбеди неговиот потпис затоа што за играчот се заинтересирани уште неколку големи клубови.

Манчестер Јунајтед е фаворит за потписот на 19 годишниот напаѓач, а интерес за него има и од Борусија Дортмунд и  Јувентус.

„Да, се сретнавме со него. Заинтересирани сме за играчот. Не слушаше што му кажувавме и беше отворен за трансфер. Но, не е лесно за нас. Тука е гигант како Манчестер Јунајтед, а тука се и Борусија Дортмунд и Јувентус. Има уште неколку други клубови кои се интересираат, тешко дека ќе го добиеме оваа зима“- изјави Минцлаф.