Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот човек на Серија А, Габриеле Гравина потврди дека Италија сезонава ќе добие шампион и нема да се прекине првенството како што се очекуваше поради коронавирусот.
Гравина се обидува на сите начини да ја заврши сезоната, која беше прекината поради вирусот, а има јасен план.
„Постои план кој ни е приоритет. Сите би биле среќни да заврши сезоната на терен. Во контакт сме со ФиФА и бараме да се продолжи рокот на сезоната и по 30 јуни. Мора да најдеме решение и идеално ќе биде да играме до 30 јули. Сепак, мора да се вклопиме со правилата кои пристигнуваат од политичкиот врв. Разговараме за Скудетото, за пласманот и европските натпреварувања…“, вели Гравина.