Првиот човек на УЕФА удри по газдата на Јувентус: Мислев дека сме пријатели…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин не сака да му прости на првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели.

Чеферин му е кум на детето на Ањели, а според зборовите на претседателот на УЕФА, меѓу нив повеќе нема никаков контакт.

Чеферин откри дека тие што сакаа да создадат Суперлига ги става во категории, а Ањели е во првата од нив.

„Тој човек не постои повеќе за мене. Мислев дека сме пријатели, но ме лажеше. Во овој случај, заговарачите можам да ги ставам во три категории, а Ањели е во првата затоа што ова е лично. Во втора категорија ги ставам сите за кои мислев дека сме блиски, а во трета се оние со кои немав контакт“, вели Чеферин.