Првиот оперативец на Милан со охрабрувачка порака: Убеден сум дека фудбалот ќе игра важна улога во кревањето на нацијата


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Извршниот директор на Милан, Иван Газидис истакна дека фудбалот ќе се врати во вистинско време.

Италија е епицентар на коронавирусот и веќе регистрираше над 4000 смртни случаи, а фудбалот ширум Европа веќе одреден период е стопиран.

„Фудбалот ќе се врати во вистинско време, но не пред да биде решен овој итен случај. Приоритет на Милан е и секогаш бил здравјето и безбедноста на играчите и вработените, нашето локално и глобално семејство. Кога ќе се вратиме на теренот убеден сум дека фудбалот ќе игра важна улога во заздравувањето на нацијата, и од економска но и од морална гледна точка“ –изјави Газидис.