Прво ги тужеше, а сега треба да плати: Нејмар мора да врати милиони во Барселона!


Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Шпанскиот Суд донесе одлука против фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, кој ќе треба да плати 6,79 милиони евра на Барселона.

Бразилецот бараше од поранешниот клуб да му исплатат 43,6 милиони евра од бонуси, кои не ги добил откако се пресели во 2017 година за рекорден трансфер од 222 милиони евра во францускиот клуб.

Нејмар сметаше дека му припаѓаат бонуси кои беа вклучени во неговиот нов договор потпишан во 2016 година, но Барселона не сакаше да му ги исплати.

Судот соопшти дека Нејмар немал право на бонуси затоа што го раскинал договорот и сега ќе мора плус да им плати 6,79 милиони евра на Каталонците.