Прво го остави Шакира, а сега Пике се соочува со уште поголема криза!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике минува низ тежок период во животот, а причината за тоа е разделбата со неговата поранешна девојка Шакира.

Пике и Шакира заедно имаат два сина, а наводно се разделиле поради тоа што фудбалерот на Барселона ја изневерувал пејачката.

Искусниот фудбалер се наоѓа во голема криза по разделбата затоа што се бори Шакира да не ги земе децата со неа во Мајами и се надева дека може да останат во Барселона.

Меѓутоа, тоа не е единствен проблем затоа што Пике на почетокот на неделата ги почна подготовките, но и таму не го пречекаа убави вести.

Чави му објасил на Пике дека нема да биде во прв план за новата сезона и најверојатно ќе биде резервна опција, додека неговото место ќе го преземе Андреас Кристенсен.