Прво појавување на Владе Дивац по операцијата

Славниот српски кошаркар Владе Дивац имаше сообраќајна несреќа средината на јуни во Црна Гора, кога падна од мотор, по што итно беше опериран. Добрата вест е дека неговото закрепнување си тече според планот, а МОНДО утрово го сними на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Претпоставката е дека Дивац, како и многу други навивачи, патува за Рига каде што Србија ќе учествува на Евробаскет 2025, и каде што веќе во среда ќе ја игра својата прва утакмица против Естонија (20.15).

Очекувано, навивачите го препознаа и му пристапуваа за фотографија, а никого од нив не одби. Иако имаше сериозна повреда на ногата, можеше да се види дека потешко оди, но и покрај тоа одбра да се искачи по „обичните“ скали, наместо по подвижните.

Фото: Принтскрин