Психички уништи три момчиња, па ја презема одговорноста: Јас сум виновен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англија имаше поддршка од публиката на „Вембли“ против Италија во финалето на Европското првенство (ЕП), но тоа не беше доволно за да стане европски шампион.

Англичаните постигнаа гол во втората минута, по што се повлекоа, а Италија во вторите 45 минути израмни на 1-1 и избори пенали.

Герет Саутгејт на крајот на судиското продолжение ги внесе во игра Џејдон Санчо и Маркус Рашфорд само за да изведат пенали, но тоа скапо го чинеше англискиот селектор.

Рашфорд и Санчо утнаа пенали, по што одговорноста при последниот пенал ја имаше Букајо Сака, чиј удар го одбрани Џанлуиџи Донарума.

„Тоа е моја одговорност. Јас ги бирав фудбалерите кои ќе шутираат пенали. Им кажав дека никој не е сам во такви ситуации, туку дека ние победуваме и губиме како тим“, вели Саутгејт.