ПСЖ без ѕвездите претрпе пораз од новајлијата во Лига 1, Булка со аматерска грешка


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на ПСЖ претрпе пораз во својот прв натпревар во Лига 1 откако денеска беше поразен на гостувањето кај Ленс со 1:0.

Тренерот на „светците“, Томас Тухел не можеше да смета на голем дел од ѕвездите на тимот кои се заразени од коронавирусот, па натпреварот мораше да го игра со крпен тим во кој имаше многу млади фудбалери.

И покрај тоа ПСЖ беше фаворит на оваа средба, го имаше поседот на топката, но претрпе пораз по аматерската грешка на Марсин Булка кој оваа година ќе ја има улогата на втор голман во францускиот тим.