Феноменално играше Пари Сен Жермен во финишот на минатата сезона и сосема заслужено стигна до титулата првак на Европа и Франција.
Но, на почетокот на оваа не функционира сè како што треба.
Екипата на Луис Енрике очигледно сè уште е под впечаток на одмор затоа што немаат победено ниту еден натпревар од стартот.
По поразот од Ленс во Супер купот, следеа слаби резултати против Рен (2:2), потоа против Лил (губеа до продолжението и едвај освоија бод), а потоа вчера пораз од Монако (1:2) и тоа на свој терен.
Само два бода во три натпревари е премалку за екипата на Луис Енрике, а ваков лош старт не е виден од сезоната 2012-13. Тогаш ПСЖ не ги победи Лориан, Ажаксио и Бордо.
















