ПСЖ добива големо засилување за финалето против Арсенал во ЛШ


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ашраф Хакими би можел да се врати навреме за големото финале против Арсенал, откако постојат позитивни сигнали за неговата повреда.

Според информации на француските медиуми, меѓу кои и RMC Sport, во таборот на Пари Сен Жермен владее оптимизам дека мароканскиот репрезентативец ќе добие зелено светло за настап по последните медицински прегледи.

Хакими се опоравува од повредата, а прогнозите се дека би можел да биде дел од составот за финалниот натпревар, што би претставувало големо засилување за францускиот шампион во клучниот дуел кој се игра во Будимпешта.