ПСЖ договори играч за кој се интересираа Барселона и Челси


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Од редовите на ПСЖ го договориле трансферот на бразилскиот фудбалер од редовите на Порто, Алекс Телеш.

27 годишниот бек се поврзуваше со трансфер во Барселона и Челси, но како што пишува бразилскиот весник „Глобо Еспорте“ тој кариерата ќе ја продолжи на „Паркот на Принцовите“.

Станува збор за фудбалер кој игра одлично во дресот на Порто, но кој имаше една неуспешна авантура во тимот на Интер. Освен за овие два клуба во кариерата настапувал и за Галатасарај, Хувентуд и Гремио.

Цената која ПСЖ ќе ја плати на Порто за неговиот трансфер изнесува околу 40 милиони евра.