Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот гигант ПСЖ донел конечна одлука околу аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди кој во моментов настапува во нивниот тим како позајмен фудбалер од редовите на Интер.
Икарди игра сосема солидна сезона во дресот на парижаните и веќе има постигнато 12 погодоци од 14 натпревари кои ги започнал од првата минута во дресот на ПСЖ.
Токму затоа, како што пренесува „Кориере дело Спорт“, ПСЖ донел одлука целосно да го откупи неговиот договор по крајот на оваа сезона.