ПСЖ донесе одлука за судбината на Тухел


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во претходните денови се појавија многу шпекулации дека Томас Тухел ќе ја напушти клупата на ПСЖ.

Тухел успеа да ја освои француската титула откако сезоната беше прекината, а во август се очекува да продолжат да се натпреваруваат во ЛШ. Француските медиуми објавија дека може да има промена на тренерот пред тоа и дека Тухел ќе биде отпуштен.

Наводно, некои од челниците на ПСЖ не се задоволни од постигнатите резултати од германскиот стручњак и сакаат да го сменат во оваа пауза. Сепак, спортскиот директор на овој тим, Леонардо, ги негираше ваквите приказни.

“Тој има уште една година договор со клубот и ќе биде тренер на овој тим следната сезона. Кога ќе заврши ЛШ, тогаш ќе видиме дали договорот може да биде продолжен, но она што е сигурно е дека тој ќе биде тренер на ПСЖ следната сезона”. рече Леонардо.

Тухел пристигна во ПСЖ летото 2018. година за да го замени Унаи Емери. Тој потпиша двегодишен договор, кој го продолжи за уште една година пред неколку месеци.