ПСЖ формира кошаркарски клуб и се приклучува на НБА лига?


Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Францускиот гигант ПСЖ би можел да стане првиот европски клуб што ќе игра во НБА лигата.

Според „Ле Паризиен“, сопствениците на ПСЖ, Qatar Sports Investments, преговараат со НБА лигата за вклучување или проширување на американската лига во Европа. Постојат две опции – катарските инвеститори би го купиле клубот Париз и од него би направиле клуб кој може да се натпреварува во НБА лигата или би формирале сосема нов клуб со седиште во Париз.

Американците тврдат дека целиот проект се одвива во договор со ФИБА. Силвер бара клубови со големи буџети, за да ги затворат големите трошоци и да донесат приходи на НБА лигата. Тие приходи би се делеле 50-50 помеѓу НБА лигата и секој европски клуб.