ПСЖ го контактираше таткото на Меси и доби одговор: Аргентинецот избрал нов клуб!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе со денови се шпекулира дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона, а големи се шансите тоа  навистина да се случи.

Шпекулациите за нов клуб на Меси постојано траат, а сега се верува дека тоа ќе биде Манчестер сити.

Француските медиуми пишуваат дека Аргентинецот го сака и ПСЖ, а Леонардо веќе разговарал со таткото на Меси и добил одговор.

Таткото на Меси се заблагодарил за понудата на ПСЖ и порачал дека Аргентинецот почнал преговори со Манчестер сити и тоа е клуб во кој сака да игра во следниот период.