ПСЖ го побара Мурињо, па доби одговор: Во Рома сум затоа што го сакам овој тим!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светските медиуми вчера објавија дека ПСЖ е заинтересиран за услугите на Жозе Мурињо, кој би можел да го замени Маурицио Покетино на клупата на францускиот гигант.

Мурињо имаше добра сезона со Рома и ја освои Конференциската лига, а притоа му обезбеди место на својот тим во Лига Европа, па не планира да го напушти Рим без разлика на интересот од ПСЖ.

„Јас ја сакам Рома, човек сум кој не сака да губи. Никој не ме лаже во овој тим и не ми ветувал работи кои не можат да се остварат. Во Рома сум затоа што го сакам тимот“, кажа Мурињо.

Португалецот слична изјава даде и по победата против Феенорд во Тирана.